09 април 2026
• од Тодор Вангелов
Пристапот до здравствени услуги за жените во Северна Македонија и понатаму останува ограничен, предупредуваат од HERA по повод Светскиот ден на здравјето. Според нив, најновите податоци укажуваат на сериозни слабости во пристапот до превентивните услуги.
Од организацијата истакнуваат дека дури 80% од жените платиле за гинеколошки услуги кои, според закон, треба да бидат бесплатни. Дополнително, само околу 15% од жените се опфатени со скрининг за рак на грлото на матката во период од три години, што е далеку под препорачаните 75%.
Особено загрижувачки е фактот што 92% од Ромките не се информирани за своето право на бесплатен гинеколошки преглед. Во однос на тестирањето за ХИВ, податоците покажуваат дека пристапот преку граѓанските организации е значително поефикасен – се открива еден позитивен случај на 150 тестови, наспроти еден на 1150 тестови во здравствените институции.
Од HERA потенцираат дека, иако постојат превентивни програми, нивната реална примена е ограничена. Причините за тоа се недоволното финансирање, слабата достапност на услугите и недоволната информираност кај населението. Овие недостатоци најмногу ги погодуваат ранливите категории и жените кои живеат во руралните средини.
„Превенцијата не смее да биде повремена активност, туку континуирана и достапна услуга за сите“, нагласуваат од организацијата.
По повод Светскиот ден на здравјето, кој оваа година се одбележува под мотото „Заедно за здравјето – застани зад науката“, HERA вчера во Скопје, во општина Центар, организираше бесплатни здравствени прегледи и консултации. Целта на настанот беше да се доближат превентивните услуги до граѓаните и да се истакне потребата од нивно системско унапредување.
Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

