21 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вредноста на синдикалната минимална кошничка што ја пресмета Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец декември изнесува 65.492 денари, што претставува зголемување од 319 денари во споредба со ноември, кога таа изнесуваше 65.173 денари.
Од ССМ информираат дека доколку се земе предвид и трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална кошничка за декември достигнува 80.867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за образование 7.159 денари, за комунални трошоци (станарина, вода, електрична енергија и греење) 6.130 денари, додека за облека и обувки 5.875 денари. За транспорт се издвојуваат 4.634 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, за комуникации 3.417 денари, а за хигиена и одржување на домаќинството 2.620 денари.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, на 17 овој месец најави дека од 1 јануари, покрај синдикатите кои ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка, и Владата ќе започне со пресметка на просечна потрошувачка кошничка, наменета за најмалку едно четиричлено семејство.
Ова прашање ќе биде разгледано на седница на Економско-социјалниот совет, закажана за 22 декември (понеделник).
„Ќе се земат параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе се вклучат основните прехранбени производи и сè што е неопходно за еден просечен живот на едно просечно семејство во државата. Податоците ќе се собираат од различни региони, а кај овошјето и зеленчукот ќе се земаат предвид сезонските производи карактеристични за периодот во кој се врши пресметката“, изјави Ристески.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

