19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од скопското село Бојане, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“.
Според информациите, во текот на мај 2025 година пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда едно лице, претставувајќи се како вработен во суд. Тој го убедил оштетениот дека може да помогне неговиот син да биде ослободен од притвор доколку му се исплати одреден паричен износ.
По изготвување на жалба преку адвокат по изрекувањето на мерката притвор, оштетениот во три наврати му исплатил вкупно 7.750 евра, верувајќи дека ќе биде спроведена постапка за ослободување од притвор. Но, и покрај дадените пари, договореното никогаш не било исполнето.
По пријавата, случајот е целосно документиран, а против Н.З. ќе се води постапка за измама согласно Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

