03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На Светскиот ден без тутун, здравствените власти и експертите од земјава и од Светската здравствена организација (СЗО) упатија сериозни предупредувања за последиците од пушењето во Македонија. Според последните податоци, секоја година дури 4.000 луѓе во земјава умираат поради болести поврзани со употребата на тутун.
Овие загрижувачки бројки ги истакна претставникот на СЗО во Македонија, Аким Али, кој порача дека смртните случаи поврзани со пушењето не се неминовни – тие можат да се спречат со вистински мерки и посветеност. „Ако не преземеме ништо, земјата ќе се соочи со пад на населението, што ќе влијае негативно врз економскиот развој и продуктивноста“, нагласи Али.
Според статистиките на СЗО, Македонија има една од највисоките стапки на пушење во Европа. Над 46% од возрасните мажи и 27% од жените користат тутун или производ што содржи никотин. Особено загрижувачки е фактот што дури 70% од пушачите започнуваат со пушење во детството.
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, призна дека постои институционален пропуст во контролата на спроведувањето на законот за забрана на пушење во јавни и затворени простори. Тој најави дека ќе се работи на зајакнување на инспекцискиот надзор, како и на законски измени кои ќе овозможат повисоки царински давачки за тутунските производи.
Проблемот не застанува само на класичните цигари. Сѐ поголем предизвик претставуваат електронските цигари, кои активно се промовираат преку социјалните мрежи, најчесто меѓу младата популација. Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, информираше дека ваквите маркетинг активности ќе бидат предмет на нова законска регулатива.
Аким Али од СЗО во своето обраќање изрази сериозна загриженост и за глобалниот тренд на детско пушење, споделувајќи дека седум милиони деца во светот се веќе активни пушачи.
Овие алармантни податоци претставуваат силен повик до сите релевантни институции, граѓанскиот сектор и општеството во целина – потребна е координирана, решителна акција против пушењето. Само така можеме да го заштитиме јавното здравје, да спасиме животи и да обезбедиме поздрава иднина за новите генерации.