19 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека илјадници граѓани едвај врзуваат крај со крај, државата повторно е потресена од нов скандал со злоупотреби и проневери. Основниот кривичен суд во Скопје ја осуди поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, на само две години затвор, иако штетата што ја направила е неверојатни 22,7 милиони денари – пари што требале да бидат вложени за иднината на младите.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја прогласи Димова за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување. Но наместо да се соочи со соодветна казна за милионските злоупотреби, таа доби симболични две години зад решетки. Освен тоа, треба да врати 22,7 милиони денари и да плати судски паушал од едвај 10.000 денари – износ што изгледа како навреда за граѓаните кои секој ден плаќаат даноци, акцизи и сметки за да преживеат.
Судијката ја ослободи од обвинението за измама, со образложение дека „не бил доволно јасно опишан начинот на извршување“. Така, повторно гледаме како институциите ја мијат рацете и оставаат простор за нови злоупотреби, додека обичниот човек се соочува со строги казни дури и за најмали престапи.
Според обвинението, Димова во периодот од 2018 до 2020 година ја користела својата позиција за да склучува договори без јавни конкурси, со што им овозможувала противправна имотна корист на блиски лица. Така биле злоупотребени европски фондови, а на државата и на граѓаните им е нанесена директна штета од 2,8 милиони денари. Пари кои можеле да отворат врати за младите, наместо да завршат во џебовите на привилегирани.
Овој случај уште еднаш ја покажува мрачната слика на Македонија: земја каде криминалците добиваат минимални казни, а милионските штети се сведуваат на „административни пропусти“. Во меѓувреме, народот секојдневно тоне во сиромаштија, младите ја напуштаат државата, а иднината станува збор што повеќе не значи ништо.
Димова можеби ќе помине две години зад решетки, но граѓаните ќе ја плаќаат цената од нејзините злоупотреби со децении. Случајот уште еднаш потврди дека правдата во Македонија е само илузија – и дека секој нов скандал не ја тресе власта, туку ги закопува обичните луѓе во уште подлабока безнадежност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден