14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во текот на вчерашниот ден, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач поради несовесно управување со моторно возило.
Од нив, пет возачи – од Тетово, Штип, Скопје и Струмица – управувале возило под дејство на алкохол. Дополнително, единаесет возачи од Скопје, Битола, Дебар, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес и Неготино биле фатени како управуваат возило без да поседуваат возачка дозвола. Тројца возачи од Велес, Куманово и Тетово управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.
Во два случаи, кај возачи од Скопје и Штип било утврдено присуство на алкохол, при што едниот немал возачка дозвола, додека другиот имал и активна мерка забрана за управување со моторно возило.
Во два од случаите возачите предизвикале и сообраќајни незгоди. Лицето З.Н. (46) од Штип, кај кое биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта и кое управувало возило без возачка дозвола, како и лицето И.С. (60) од Гостивар, исто така без возачка дозвола, удриле во паркирани возила.
Во текот на денот бил приведен и еден малолетник од Кавадарци кој управувал возило без да поседува возачка дозвола.
Полицијата привремено одзела и 15 возила. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана претставува сериозна опасност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Само со одговорно однесување и почитување на правилата може заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

