17 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, реагираше на начинот на кој градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, ги толкуваше резултатите од локалните избори, поврзувајќи ги победите и поразите по општини со етничката припадност на гласачите.
Сејдиу нагласи дека ваквата логика создава непотребни поделби и не му носи корист на ниту еден заедница.
„Ако резултатите од изборите по општини се мерат како ‘победи’ според етничката припадност, како што ги толкува колегата Дарко Костовски, тогаш излегува дека Македонците ‘ја вратиле’ Кичево, а ‘ја загубиле’ Чашка. Со истата логика, на следните избори Албанците би требало да се натпреваруваат за да ја ‘освојат’ и Општина Бутел,“ напиша Сејдиу.
Тој истакна дека ваквиот пристап е погрешен и штетен.
„Овој начин на размислување не му служи на никого и создава само непотребни етнички поделби. Општините не се сопственост на ниту една етнија. Општините им припаѓаат на граѓаните.“
Сејдиу упати апел фокусот да се насочи кон функционалноста на институциите и кон унапредување на меѓуетничката соработка.
„Нашата цел треба да биде создавање функционални институции, соработка и напредок за сите, без оглед на етничката припадност.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

