Револуционерот: Дали Србите ни се браќа?
Нација која го има стокхолмскиот синдром е нација која е мртва и нема кој може да и помогне да оживее.
Токму овој синдром го има нашата нација кон српската, токму затоа немаме никакво реално гледање на работите и полека но сигурно изумираме.
Србите одсекогаш биле непријатели на Македонците, најголемите битки ВМРО ги има токму против нив, две востанија, со Валандовско-удовската акција може да се каже три, им вршат атентат над кралот, секојдневно чети на ВМРО се бореле против српските жандарми, четници и нивното Здружение против бугарски бандити.
Србите излегуват со графит во кој Македонија е одбележана како Стара Србија и света српска земја и кога тоа се споделува од страна на одредени Македонци, страни, прво тие се прогласуваат за бугарофилски, па се објаснува колку добри Србите биле со нас што ни дале вакцини чиј што рок бил пред изминување, па колку тие не сакале и почитувале со нивни песни, жалопојќи, место да ја бранат Македонија од нивната наезда и провокација, тие ги бранат Србите.
ВМРО во своето делување против ниту една држава не водела таква битка како што водела против Србија, убивања, деца печени живи во фурна од страна на Србите, населување на колонизатори кои вршеле злосторства ширум Македонија, одзимање на имот на Македонци незабележано ниту во турско, апсење и затворење по темни зандани на големи затворски казни на Македонци.
Ги славите оние кои отворено ви ја негират нацијата, кои велат дека ве ослободиле од Бугарите, а кои се тие Бугари од кои ве ослободиле, па тоа биле Делчев, Груев, Сарафов, Татарчев, Лозанчев, Александров, од тие Бугари ве ослободувале вашите браќа Срби, oд една страна ги мразите кога Бугарите истиве ги нарекуваат Бугари, но го прифаќате и оправдувате а воедно и потврдувате кога тоа го зборуват Србите кога заедно со нив го славите вaшето "ослободување".
Toкму затоа Македонија е таму каде што е, нација што го сака и љуби својот злосторник и џелат, нема како да биде ослободена !
Преземено од Револуционерот