Големите сенки
Пишува: Симеон Радев, бугарски дипломат, државник и општественик од Македонија
На денешниот празник ние сакаме да ги повикаме ликовите на сите оние,кои го подготвија и создадоа подвигот во 1903год.;но голем без мерка е незнајниот им број,и само поетот ќе може да ја опее нивната безимена слава.
А тие,чии имиња звучат најгласно,не се помеѓу нас.Еден по друг паднаа од непријателски куршум.Гоце Делчев,Даме Груев,Борис Сарафов,Пере Тошев.Кон нив сега неодоливо оди мојата мисла,и нивната слика ми е пред очите.
Делчев беше еден праведник-со кама во појасот.Легендата го представува како бесна бура-и навистина,нему никој не му беше еднаков по смелост.По наклоност тој беше роден за апостол.Таков беше и по мисла.Сите угнетувања будеa бунт во неговата душа;сите крајни екстреми за преуредување на општеството му го искушуваа умот.Една неспирачка струја од разностран идеализам бликаше во него.Но тоа чедо на Кукуш беше разбрало,дека пред сите идеали оди овој идеал:да бидеш член на една слободна народност во една слободна земја.И без да ги задуши во себе социјалните пориви,тој беше во Македонија револуционер како Бугарин.
Делчев и Груев беа блиски соработници,но немаа сличност помеѓу себе си.Груев беше жив и јасен ум,со остро чувство за реалноста,цврст во својот збор со многу еластичен начин на дејствие во практичните работи.Неговата агитаторска способност беше неспоредлива.Беседите му блескаа со здрава смисла и хумор.Никој не влијаеше повеќе со умот од него.Само така може да се објасни невообичаеното влијание на тој револуционер-кој не беше војвода.
Споменот за Борис Сарафов е толку жив,за него нема потреба од многу зборови.Неговата личност беше и е легендарна.Не само во Македонија,но и во сите бугарски земји,во цела Европа,дури и во Америка,додека беше жив името му се изговараше со громка гласност,додека после смртта,остана како хероично олицетворение на македонската револуција.
Сарафов навистина имаше се, за да представува со блесок едно народно почитување.Беше човек со моќен темперамент;беше создаден за да води луѓе и маси;беше освен тоа надарен со ретка Божја дарба:да плени со своите манири во комуникацијата;со ведрината на својот дух,со оној вид на смела и убава храброст која се гледаше на него и неодоливо дејствуваше на сите.
„Човек со ѕвезда”кажуваа за него во Македонија,т.е. човек предодреден за да командува.Тоа е најточното објаснување за популарноста на Сарафов-исклучителна популарност,којашто направи неговата смрт да предизвика сенароден траор и го собра целиот главен град по неговиот ковчег.
Пере Тошев е најмалку познат од големите македонски дејци.Тој живееше во самотија и умре незабележано.Неговиот тих и меланхоличен лик е полн со редок и скапоцен шарм.Кај никој од соборците му внатрешниот живот не беше толку чист,концентриран и изобилен со морално богатство,како кај него.
Руската литература имаше оставено силно влијание врз него,но и во основа тој ги имаше сите црти на една убава славјанска душа:добрина,нежност,вкус кон созерцателен живот.А заедно со тоа-и еден характер на безволие,кој го сопнуваше неговото дело и го ограничи неговото влијание само во духовните сфери на македонското движење.
Овие четири ликови не се се што е дала револуционерна Македонија.И меѓу умрените и меѓу живите има големи фигури,кои ќе го замајат историчарот.Но нашата идеја не беше да дадеме една полна галерија на портрети од македонското дело,туку да го воскреснеме за миг споменот на најголемите негови трудбеници.”
Симеон Радев (прилог објавен во „Вестник над вестниците” по повод 15 годишнината од илинденското востание,повторно објавен и во „Сборник Илинден” 1921 година)
Адаптација: Давор Стојмиров
Статиајта е преземна од ТРИБУНА.МК