ДРУГО

Овие храбри млади христијани се жртвуваа за Христос – ги знаете ли нивните имена?

28 март 2025

• од Гоце Кически

Денес, во православниот календар, го празнуваме споменот на свети Агапиј и седумте млади христијани кои пострадале за верата во времето на царот Диоклецијан, во 303 година. Овие седуммина момчиња, кои биле уште некрстени, се впуштиле во смела и богоугодна жртва, покажувајќи пример на храброст и вера во Христа.

Момчињата, во моментот кога сведочеле страдања на христијаните кои биле подложувани на разни маченишта - некои согорувани на оган, други обесувани на бесилки или фрлени пред ѕверови - почувствувале силна ревност и љубов кон Господ. Гледајќи како христијаните со трпение ги поднесуваат сите маки, тие решиле да се приклучат на верата. Врзале си рацете наопаку и се упатиле пред кнезот Урбан во Кесарија Палестинска, изјавувајќи: „И ние сме христијани!“

Нивната храброст и решеност не биле доволни да го поколебаат кнезот Урбан, кој во обид да ги откаже, ги ласкал и заканувал. Но, младите момчиња не се откажале, а нив им се придружил и угледниот граѓанин Агапиј, кој веќе бил страдалник за Христа и кој уште повеќе ја распалил верата кај нив. Заедно, сите тие биле осудени на смрт и убиени со меч, на крајот од 303 година, кога се упатиле на вечниот живот во Небесното Царство.

Св. Агапиј и неговите седум ученици останале вечен пример на верност и љубов кон Христос, кои не се плашеле да го сведочат своето верување, дури и по цена на сопствениот живот. Денешниот празник е потсетник на силата на верата и храброста на оние кои не се двоумат да ги следат Христовите стопи, без оглед на искушенијата и жртвите што ги носи животот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени