TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
ДРУГО

Христос се роди! Денеска е големиот празник Рождество Христово

07 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Христос се роди – навистина се роди!
Со оваа радосна вест денеска се поздравуваат православните христијани, славејќи го големиот празник Рождество Христово – Божик. На овој ден именден празнуваат Христо, Христина, Ристо, Ристана, Божин, Ристовка и многу други.

Божик е еден од најголемите и најзначајните христијански празници, зашто на овој ден се празнува раѓањето на Спасителот на светот – Исус Христос. Важноста на овој настан за човештвото се согледува и преку фактот што токму Христовото раѓање е земено како темел за пресметување на времето, односно како граница меѓу старата и новата ера – времето пред и по Христос.

Божик – матица на сите празници

Рождеството Христово со право се нарекува матица на христијанските празници, бидејќи без Христовото раѓање не би постоеле ниту неговото Крштевање (Водици), ниту Распетието и Воскресението (Велигден), ниту Вознесението (Спасовден), ниту пак празниците како Духовден, Преображение, Крстовден и други. Целиот христијански календар извира од тајната на Воплотувањето на Синот Божји.

Евангелското сведоштво за раѓањето

Евангелијата сведочат дека во времето на римскиот император Август бил извршен попис на населението во целата империја. Поради тоа праведниот Јосиф и Света Дева Марија тргнале од Назарет кон Витлеем, градот на Давидовиот род. Поради големиот број луѓе што дошле за пописот, за нив немало место во гостилниците, па биле засолнети во една пештера, каде што пастирите ги чувале своите стада.

Токму таму, во таа скромна пештера, во ноќ исполнета со небесна светлина, Пресвета Богородица го родила својот Син, го повила и го положила во јасли. Истата таа светлина ги осветлила и околните ридови, каде што пастирите ноќевале со своите стада. Ангел Господов им ја соопштил радосната вест:
„Не бојте се! Зашто денеска ви се роди Спасител, Кој е Христос Господ.“
Потоа ангелскиот хор ја воспеал песната:
„Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.“

Пастирите и мудреците – првите поклоници

Првите што му се поклониле на Богомладенецот биле пастирите – луѓе со чисто срце и проста вера. Според светите отци, тие не биле избрани случајно, туку затоа што биле смирени, духовно чисти и подготвени да ја примат Божјата тајна. Со тоа се покажува дека Христос дојде како вистински Пастир на сите народи и дека Бог најнапред им се открива на оние со чисто срце, а не на гордите и самодоволните.

Набргу потоа, водени од необична ѕвезда, во Витлеем пристигнале и тројцата мудреци од Исток. Тие Му принесле дарови: злато, ливан и измирна – симболи на Христовото царство, божество и човечка природа. Ѕвездата што ги водела не била обична небесна појава, туку, според толкувањата на светите отци, ангел Господов, испратен да ја открие тајната на Воплотувањето.

Празнувањето на Божик низ историјата

Во првите векови христијаните не го празнувале одделно раѓањето Христово. Рождеството и Крштевањето се славеле заедно на празникот Богојавление. Подоцна, поради богословски и практични причини, празникот Рождество Христово бил одвоен и пренесен на 25 декември (7 јануари според новиот календар).

Божик во народната традиција

Со Божик се поврзани бројни народни обичаи и верувања. Посебно место зазема обредот Вертеп, своевиден народен религиозен театар, најдолго зачуван во Охрид и Струга. Преку драматизација, песна и симболика, народот ја пренесувал радосната вест за Христовото раѓање од дом во дом.

Во народното верување, со Божик започнуваат и т.н. Некрстени денови, период до Водици исполнет со митски претстави, стравови и магиски заштити, што сведочат за спојот на христијанската вера и старите народни слоеви.

Народните божикни песни, пак, го опеваат Христовото раѓање како настан обвиен со вечна светлина, топлина и радост, во кој учествуваат и луѓето и природата.

Пораката на Божик

Божик нè потсетува дека Бог се јави во светот во најголема смиреност и љубов, како Младенец положен во јасли, за да му донесе мир, надеж и спасение на човештвото. Затоа и народната мудрост вели:
„Пред Божик и по Божик – кај да си, дома да си“, зашто овој празник нè повикува на семејна близина, духовна радост и заедништво.

Христос се роди – навистина се роди! За многу години Рождество Христово!

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
08 јануари 2026

Белата куќа: САД диктираат одлуки во Венецуела

МАКЕДОНИЈА
08 јануари 2026

Фетаи: Остро го осудувам случајот со малолетничката во Слупчане – нулта толеранција кон секоја форма на насилство

СВЕТ
08 јануари 2026

Цените на имотите во Бугарија: Како се менуваа цените на недвижности во последните 10 години

ДРУГО
08 јануари 2026

Денес се празнува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

МАКЕДОНИЈА
07 јануари 2026

Неколку полицајци го виканале попот – Министерството најави дисциплински мерки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
07 јануари 2026

Историски успех: Бугарија U18 се пласира на Европското првенство после триумф над Србија!

МАКЕДОНИЈА
07 јануари 2026

Црномаров од Битола: Историјата кај нас се пишува по принципот „ми кажа баба ми“

МАКЕДОНИЈА
07 јануари 2026

„Малиот Вучиќ“: Опозицијата во С. Македонија со прекар за премиерот Мицкоски

СВЕТ
07 јануари 2026

Проф. Василе Пушкаш: Со еврото Бугарија ја надмина Романија во триесетгодишната конкуренција

СВЕТ
07 јануари 2026

Виктор Стојанов за Евроком: Брисел се откажа од Мицкоски, владата оди кон трагичен крај

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 јануари 2026

Косово доби турски противтенковски ракетни системи OMTAS

СВЕТ
07 јануари 2026

Опасна ли е дневната доза аспирин што ја зема Доналд Трамп? Лекар објаснува

СВЕТ
07 јануари 2026

621 млади од Бугарија ќе патуваат бесплатно низ Европа со воз преку DiscoverEU

СВЕТ
07 јануари 2026

Бугарските евростотинки тешки колку Ајфеловата кула

СВЕТ
07 јануари 2026

САД: Военото сценарио не е исклучено за Гренланд

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 јануари 2026

Бугарија меѓу светските лидери по извоз на месо од патка и индустриска опрема

МАКЕДОНИЈА
07 јануари 2026

Поп осветува полициски возила на МВР - граѓаните во шок

МАКЕДОНИЈА
07 јануари 2026

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани

СВЕТ
07 јануари 2026

Воведувањето на еврото во Бугарија може да ослободи нова ликвидност за банкарско кредитирање

СВЕТ
07 јануари 2026

Српскиот опозиционер: Бугарите се 80 проценти побогати од Србите поради членството во ЕУ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 јануари 2026

Додека ние го „браниме идентитетот“, Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг зоната

СПОРТ
07 јануари 2026

ФИФА го прогласи Димитар Пенев за „Икона на светскиот фудбал“

ДРУГО
06 јануари 2026

На денешен ден пред 178 години е роден бугарскиот револуционер и поет Христо Ботев

СВЕТ
06 јануари 2026

Сѐ повеќе граѓани во Бугарија плаќаат со евро

СВЕТ
06 јануари 2026

Доналд Туск: Европа мора да се обедини за да биде силна

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Нова Република: Милиони долари од режимот на Мадуро минувале низ македонскиот банкарски систем

СВЕТ
06 јануари 2026

Гренландскиот лидер му порача на Трамп: Доста е – крај на фантазиите за анексија

СВЕТ
06 јануари 2026

Бугарија започна со примена на нов граничен систем на премините со С. Македонија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега