20 февруари 2026
• од Гоце Кически
Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископ Партениј, сподели трогателно сведоштво за првите години од своето служење, потсетувајќи на времињата кога храмот бил речиси празен за време на Велики Петок — еден од најсвечените денови во православната традиција.
Во своето обраќање, владиката се присети дека на почетокот на неговата служба во храмот имало само неколку верници, меѓу кои и неговата мајка. И покрај малобројноста, тој со голема ревност настојувал богослужбите да се извршат целосно и според типикот, со сите читања и пеења.
„Службите беа многу долги, а уморот – неизбежен“, раскажува владиката. Тој се присети и на зборовите на својата мајка, која со мајчинска грижа го советувала да ги скрати службите поради малкуте присутни верници и заморот кај сите.
Сепак, гледајќи од олтарот кон празниот храм, епископот во срцето носел поинаква визија — храм исполнет со народ. Со силна молитва Го молел Господ по неколку години местото да се исполни со верници и манастирот да оживее со молитва.
„И фала Му и слава Му Нему, така и бидна“, истакна тој, нагласувајќи дека токму тоа го смета за своето најголемо богатство.
Епископ Партениј подвлече дека неговата единствена желба отсекогаш била духовното заживување: да има монаси, вистински верници и православни христијани, како и црквите низ целата татковина да бидат исполнети со народ.
Неговото сведоштво денес се смета за пример на истрајност, вера и долгогодишна духовна визија што, како што посочи, се остварила со Божја помош.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

