25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Царот Диоклецијан со злобна намера дошол во Никомидија за да ги истреби христијаните. Додека ги измачувал, смело пред него застанал свети Аникита – градоначалник – и ја исповедал својата вера во Господа Исуса Христа, разобличувајќи ги идолите како неми и глуви камења. Разјарениот цар наредил да му го отсечат јазикот, но Аникита и понатаму зборувал со сила Божја. Потоа бил пуштен лав врз него, но ѕверот не го нападнал, туку се умилкувал. Тогаш храмот на Херкул се срушил. Роднината на Аникита, свети Фотиј, сведочејќи ги овие чуда, исповедал и тој дека е христијанин и смело го укорил царот. За тоа бил осуден на смрт, но џелатот наместо него се погодил самиот себеси.
По долги маки, Аникита и Фотиј биле фрлени во затвор три години. Конечно, ги извеле и ги фрлиле во огромна печка. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, доброволно им се придружиле во оганот, со благодарствени молитви кон Бога за својата маченичка смрт. Сите пострадале околу 305 година.
Светите маченици Аникита и Фотиј останале пример на непоколеблива вера и се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден