11 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Православната црква денеска ги чествува Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем, невините деца кои пострадаа поради стравот и злобата на царот Ирод, во обидот да го уништи новородениот Спасител.
Откако Мудреците од Исток, водени од ангелска заповед, не се вратија кај Ирод за да му јават за раѓањето на новиот Цар, туку по друг пат заминаа во својата татковина, царот се разгневи. Обземен од страв за својот престол, тој издаде страшна наредба: да бидат убиени сите машки деца до две години во Витлеем и неговата околина.
Така се исполни трагичното пророштво: „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема“ (Јеремија 31,15; Матеј 2,18). Плачот на мајките и тагата на народот се издигнаа до небесата, а невините деца станаа првите маченици за Христа.
Ова злосторство се случило една година по раѓањето на Исус Христос, на 29 декември. За сето тоа време Ирод неуморно трагаше по Божествениот Младенец, сомневајќи се дури и во праведниот Јован, син на свештеникот Захарија. Бидејќи Захарија одби да го предаде својот син, беше убиен во храмот по наредба на царот.
Злобата на Ирод не застана тука. Тој се сврте и против верските старешини кои му го протолкуваа пророштвото за раѓањето на Месијата, па ги погуби првосвештеникот Иркан и голем број членови на Синедрионот. На крајот, неговата суровост се насочи и кон сопственото семејство.
Но Божјата правда не изостана. Ирод заврши тешко и понижувачки, обземен од болест и маки. Пред својата смрт, во страв и очај, дури нареди да бидат убиени и затвореници, за народот да не се радува на неговото заминување. Така го предаде својот живот овој нечовечен владетел, оставајќи зад себе трагичен белег во историјата.
Празникот на Светите витлеемски младенци нè потсетува на цената на злото, но и на силата на невината жртва. Тие деца, без да го познаваат Христос со зборови, Го исповедаа со својата крв и останаа вечен симбол на страдањето, верата и надежта.
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

