20 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Преподобниот маченик Дометиј бил роден во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Уште како момче се запознал со верата Христова, ја оставил старата вера и се крстил. Толку силно ја засака вистинската вера што реши да го остави световниот живот и да се замонаши во еден манастир во близина на градот Нисивија.
Во монашкото братство поживеал извесно време, а потоа се оддалечил во безмолвие кај архимандритот Нурвел – подвижник за кого се вели дека шеесет години не јадел ништо варено. Старецот Нурвел го ракоположил Дометиј за ѓакон. Но, кога сакал да го постави и во свештенички чин, Дометиј од смирение побегнал во пустинска гора и се насели во една пештера.
Со пост, молитва, бдеење и богомислие достигнал големо духовно совршенство, па Господ му дарувал благодат да исцелува болни. Неговиот свет живот брзо се прочул.
Во тоа време, во тие предели дошол Јулијан Отстапник. Слушајќи за Дометиј и за неговите чуда, испратил војници кои го заѕидале жив во пештерата заедно со неговите двајца ученици. Така завршил овој Божји угодник во 363 година, преселувајќи се во Царството Небесно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден