03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Како што розите растат на трнливо стебло, така и овој прекрасен светител се родил од незнабожечки родители во селото Тавата, близу Газа во Палестина. Од рана возраст покажал голема надареност, па неговите родители го испратиле на школување во Александрија. Таму младиот Иларион не само што ја усвоил светската ученост, туку ја спознал и вистинската духовна мудрост. Кога го запознал Христа, се крстил и решил целиот свој живот да му го посвети на Бога.
Со голема желба за духовен напредок, Иларион се упатил во пустината каде што станал ученик на свети Антониј Велики, прочуениот пустиник и отец на монаштвото. По извесно време се вратил во својата татковина и се подвизувал близу Мајум, кај Газа. Таму ги победувал демоните со постојана молитва и со силата на чесниот крст. Околу него се собрале многу монаси и љубители на духовниот живот, па свети Иларион станал за Палестина тоа што свети Антониј бил за Египет – духовен отец и учител на монаштвото.
Свети Иларион бил познат по својот строг подвижнички живот, по својата мудрост и по чудата што ги правел со Божја сила. Луѓето од сите страни доаѓале да го видат и да добијат благослов, меѓу кои имало и христијани и незнабошци. Но, преподобниот не сакал пофалби од луѓето; често говорел со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“ Поради тоа, се повлекувал од место на место, барајќи мир и осаменост за молитва.
Во текот на својот долг живот, Иларион живеел во Египет, Сицилија, Далмација и на крајот на островот Кипар, каде што го завршил својот земен пат околу 372 година, на возраст од осумдесет години. Неговиот верен ученик Исихиј ги пренел чудотворните мошти на свети Иларион назад во Палестина и ги положил во манастирот што самиот светител го основал.
Денес, Црквата со благодарност и љубов го прославува споменот на овој голем подвижник и учител на монасите – Преподобен Иларион Велики, пример на смирение, вера и светост.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

