27 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
бранител на вистинската вера во времето на тешки искушенија и гонења.
Во периодот на владеењето на Валент, Православието било изложено на жестоко гонење од страна на аријанците, кои ја негирале божествената природа на Христос. Сам царот ги поддржувал овие еретички учења, што дополнително ја влошило состојбата на правоверните христијани.
Кога слушнал за страдањата на Црквата, Исакиј, пустиник од Истокот, ја напуштил својата осаменост и дошол во Цариград со една цел – да ги охрабри верните и јавно да ја разобличи ереста.
Во тоа време царот Валент тргнал со војска кон север, против Готите кои од Дунав навлегувале во Тракија. Исакиј излегол пред него и му рекол:
„Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“
Царот го занемарил предупредувањето. Наредните денови, старецот повторно и повторно го пресретнувал, молејќи го да ѝ даде слобода на Црквата. Третиот ден дури го фатил коњот за уздата и отворено му се заканил со Божја казна ако продолжи со прогонството.
Разјарениот цар наредил да го фрлат Исакиј во каллива јама. Но, ни тоа не го поколебало светителот. Повторно излегол пред царот и му претскажал:
„Ќе ја поведеш војската против варварите, но нема да им одолееш. Ќе побегнеш, но тие ќе те фатат и жив ќе те изгорат.“
Пророштвото се исполнило. Во судбоносната битка кај Адријанопол, готските војски ја поразиле римската армија. Царот Валент, бегајќи од бојното поле, се сокрил во една колиба заедно со својот аријански советник. Варварите ја опколиле и ја запалиле колибата, при што царот загинал во пламен.
По неговата смрт, на престолот се искачил Теодосиј I Велики, кој бил ревносен заштитник на Православието. Кога слушнал за Исакиј и за исполнетото пророштво, го повикал кај себе и со почит му се поклонил.
Со воспоставувањето на мирот во Црквата и протерувањето на аријанците, Исакиј посакал да се врати во својата пустина. Но, царот Теодосиј го замолил да остане во Цариград, каде што неговото духовно влијание било од големо значење за верниот народ.
Преподобниот Исакиј се упокоил во 383 година, оставајќи зад себе сведоштво за непоколеблива вера, храброст и пророчки дар. Неговиот живот останува пример дека вистината и правдата, иако гонети, на крајот победуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

