12 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение. Ова е денот кога, според христијанското верување, Исус Христос ја докажал својата божествена моќ, победувајќи ја смртта за спасение на човештвото.
Воскресението Христово на полноќ беше величествено објавено во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). По две години поминати под ковид-рестрикции, оваа година верниците можеа да присуствуваат на богослужбите без никакви ограничувања, исполнувајќи ги дворовите на црквите со молитва и радост.
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со централната прослава во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје. По Полуноќницата и традиционалниот опход околу храмот, тој го објави Христовото воскресение, по што следуваа Утрената и Светата Златоустова литургија.
Празнувањето продолжува и во текот на денешниот ден:
Велигден е празник кој нераскинливо ги спојува верата и народната традиција. Сè започнува на Величетврток, кога домаќинките уште пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите три црвени јајца.
„Велигденското јајце е старо колку и христијанството. Тоа е симбол на Христовото воскресение – како што од јајцето излегува нов живот, така и Христос излезе од гробот.“
Зошто црвена боја?
Корените на овој обичај датираат од првиот век. Според Светото предание, Марија Магдалена била таа која ја започнала традицијата на подарување црвено јајце.
Кога заминала во Рим да го проповеда Евангелието, таа му подарила црвено јајце на римскиот император Тивериј, поздравувајќи го со зборовите: „Христос воскресе!“ Преку овој чин, таа му раскажала за чудата и воскресението на Спасителот.
Верниците денеска и во наредните 40 дена, сè до Спасовден, ќе се поздравуваат со радосниот поздрав:
– Христос воскресе! – Вистина воскресе!
Со овие зборови, првиот верник ја соопштува веста за воскресението, а вториот ја потврдува, исповедувајќи ја заедничката вера во вечниот живот.
Редакцијата на „Денеска“ им го честита празникот на сите православни христијани. За многу години Велигден!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

