11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Православната Црква со особена почит ги велича свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст – тројца големи архијереи и учители на верата, чие богословско и пастирско дело оставило длабок и неизбришлив печат во животот на Црквата. Секој од нив се истакнал со свои дарови и добродетели, поради што верниот народ ги чествува со посебни празници.
Во еден период, меѓу христијаните се појавила расправа околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го возвишувале свети Василиј поради неговата чистота на животот и духовната храброст, други го истакнувале свети Григориј заради длабочината и возвишеноста на неговото богословско учење, додека трети му се восхитувале на свети Јован заради неговата исклучителна благоглаголивост и јасност во поучувањето на верата. Така, настанале и поделби меѓу народот, кои се нарекувале василијани, григоријани и јованити.
По Божја промисла, оваа расправа била разрешена на начин што донел уште поголема слава на светителите и корист за Црквата. Евхаитскиот епископ Јован имал видение, во кое најпрво му се јавил секој од тројцата светители поединечно, а потоа сите тројца заедно, облечени во неискажлива слава. Тие му порачале дека се едно во Бога и дека меѓу нив нема прв ниту поголем, ниту пак нешто што ги разделува.
Светителите го повикале епископот да им напише заедничка богослужбена служба и да им се одреди еден заеднички ден на празнување, со цел да се надмине поделбата и да се утврди единството на верата. Со ова видение, спорот бил разрешен, а Црквата добила прекрасен заеднички празник во чест на Тројцата Светители, како сведоштво дека различните дарови во Црквата се соединуваат во едно – во славата Божја и во вистината на верата.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

