10 април 2026
• од Гоце Кически
Денеска православните христијани го одбележуваат Велики Петок, најтажниот и најсвет ден во христијанството, посветен на споменот на страдањата и распетието на Господ Исус Христос.
Велики Петок се празнува во петокот пред Пасха и претставува врв на Страсната седмица, кога верниците со длабока побожност и тишина се потсетуваат на жртвата што Христос доброволно ја принел за спасението на човештвото.
Во овој ден се слават светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Според црковното предание, Христос ги претрпел плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, облекувањето во багреница, трската, сунѓерот натопен со оцет, клинците, копјето и, на крајот – распетието и смртта на Крстот.
Богоносните отци заповедале на овој ден да се прави спомен на сите овие настани со скрушено срце и длабоко умиление. Во храмовите не се служи света литургија, туку се одржуваат посебни богослужби посветени на Христовите страдања, а централно место има поклонувањето пред плаштаницата – симбол на Христовото погребение.
Теолошки, Велики Петок има длабока симболика. Христос бил распнат во шестиот ден – петок, истиот ден кога, според Библијата, бил создаден човекот. Во шестиот час од денот, кога Христос висел на Крстот, се поврзува со моментот кога Адам го сторил првиот грев, допирајќи го забранетото дрво. Така, во истиот час кога се случил падот на човекот, започнува и неговото спасение.
Според некои преданија, местото Голгота, каде што Христос бил распнат, се смета дека е местото каде бил погребан праотецот Адам. Симболиката е длабока: таму каде што е падот, таму доаѓа и спасението. Христос, како Нов Адам и вечен Цар, го исцелува паднатиот човек преку „дрвото на крстот“, заменувајќи го „дрвото на гревот“.
Верниците денес постат строго, често без храна или со минимален внес, поминувајќи го денот во молитва, тишина и размислување за смислата на жртвата, покајанието и надежта во Воскресението кое следи на Пасха.
Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

