18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Првите испораки на оружје по новата програма за финансирање меѓу САД, НАТО и европските сојузници на Украина ќе содржат ракети за системите за противвоздушна одбрана Patriot и NASAMS, соопшти во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, Киев веќе обезбедил над 2 милијарди долари за американско вооружување преку механизмот „Список со приоритетни барања за Украина“ (PURL), кој е координиран од НАТО. Зеленски најави дека сумата може да достигне и до 3,5 милијарди долари до октомври.
„Првите две пратки, секоја во вредност од 500 милиони долари, дефинитивно ќе вклучуваат ракети за противвоздушна одбрана,“ изјави тој на прес-конференција во Киев заедно со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Украина се потпира на западните системи за ПВО со голем дострел за заштита на градовите од руските ракетни напади. Киев редовно апелира за дополнителни ракети поради серијата напади кои предизвикаа тешки цивилни жртви.
Украинските власти предупредуваат дека Русија веројатно ќе ги засили ударите врз енергетската инфраструктура со настапувањето на зимата, вклучувајќи и гасни постројки. Тоа дополнително ја зголемува потребата од модерни средства за воздушна одбрана.
Високиот претставник на НАТО во Украина, Патрик Тарнер, за „Ројтерс“ изјави дека првите испораки по механизмот PURL веќе се во тек. „Четири пакети од списокот со приоритетни барања за Украина се финансирани, а опремата веќе е во процес на транспорт,“ нагласи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден