07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Словенечката полиција приведе 49-годишен маж осомничен дека ја одзел бронзената глава од споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот „Тито“ во Велење. Инцидентот се случил во вечерните часови, кога граѓанин забележал непознат човек како товари голем метален предмет во автомобил и веднаш го пријавил случајот.
Според информациите од Полициската станица во Целје, осомничениот се обидел да ја пренесе одземената глава во својот автомобил „Шкода Кодијак“ со темна боја. Она што дополнително го привлекло вниманието на полицијата било тоа што возилото имало две различни хрватски регистарски таблички.
„Граѓанин пријави дека видел маж во близина на музичкото училиште како товари голем метален предмет во возилото, кое потоа се упатило кон раскрсницата. Полицијата веднаш реагираше и го запре возилото на патот Симон Блатник,“ изјави портпаролката на полицијата во Целје, Милена Трбулин.
При претресот на автомобилот, полицијата ја пронашла бронзената глава од споменикот висока повеќе од шест метри, внимателно скриена во багажниот простор. Според надлежните, станува збор за дело на „сквернавење на културно и историско наследство“, што се третира како сериозен прекршок.
Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста, а локалните власти најавија дополнително обезбедување на споменикот и околниот простор за да се спречат слични случаи во иднина.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

