14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот парламент денеска усвои важни измени во Законот за работни односи, со кои родителите и старателите на деца до 12-годишна возраст добиваат нови можности за усогласување на приватниот и професионалниот живот. Со 181 глас „за“, измените беа едногласно поддржани од пратениците.
Со новата законска регулатива, родителите на деца до 12 години ќе можат да изберат работа со скратено работно време или извршување на работните задачи од далечина. Ова право ќе може да се користи само за време на летниот распуст, период кој најчесто им претставува организациски предизвик на семејствата.
Предлог-измената беше поднесена од пратеничката Деница Сачева од ГЕРБ–СДФ, во соработка со група пратеници задолжени за социјална политика и работнички права.
Според досегашната законска рамка, флексибилното работно време беше предвидено исклучиво за родители на деца до осум години. Со проширувањето на оваа граница до 12 години, се признава потребата за дополнителна поддршка на родителите во периодот кога децата се повозрасни, но сè уште имаат потреба од присуство и грижа.
Законодавците нагласуваат дека ваквата промена ќе им помогне на семејствата полесно да го организираат секојдневието, особено во летните месеци кога училиштата се затворени. Истовремено, мерката има за цел да им овозможи на работниците поголема продуктивност и да го намали притисокот врз работодавачите и институциите кои се соочуваат со зголемени барања за детска грижа во лето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

