07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
НАТО внимателно ги мониторира обидите на Русија да се вмеша во политичките и безбедносните процеси во Босна и Херцеговина и поширокиот регион на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за ФЕНА. Таа посочи дека ваквите активности претставуваат дел од препознатливиот „руски модел на дејствување“ кој вклучува хибридни закани и влијанија насочени кон создавање нестабилност.
Шекеринска нагласи дека руските хибридни активности имаат цел да поттикнат поделби, да ги зајакнат сецесионистичките реторики и да создадат нови тензии во општествата на регионот.
„Многу внимателно ги следиме обидите на злонамерното влијание на Русија… Видовме како руските активности се обидуваат да создадат поделби и дополнителни расцепи во регионот“, предупреди таа.
Таа додаде дека овој модел на влијание не е ограничен само на Западен Балкан, туку е присутен и во други земји-сојузнички на НАТО.
Според Шекеринска, Западен Балкан останува приоритет за Алијансата, бидејќи регионалната стабилност е од суштинско значење за пошироката европска безбедност. НАТО има значително присуство преку сојузници од регионот, но и преку партнерски односи со земји како БиХ.
Говорејќи за модернизацијата на Оружените сили на БиХ, Шекеринска истакна дека НАТО нуди поддршка во повеќе практични области, но клучната промена треба да дојде од самата држава преку одржливо финансирање.
„Не можете да очекувате добро обучени и опремени вооружени сили ако не инвестирате во нив“, нагласи таа, потсетувајќи на своето искуство како министерка за одбрана.
Како пример за успешна соработка го посочи DCB-пакетот за зајакнување на одбраната, преку кој БиХ доби специјализирани возила и воена опрема со поддршка на Словенија. Но, таа предупреди дека ова мора да биде проследено со континуирани буџетски вложувања.
На прашањето за политичките предизвици во БиХ, Шекеринска порача дека компромисите, иако често непопуларни, носат стабилност и предвидливост.
„Компромисите се болни, но се исплатуваат – тие создаваат услови граѓаните да не се грижат за истиот проблем и следната година“, истакна таа.
Таа додаде дека граѓаните очекуваат напредок, а не повторување на истите политички конфликти што траат веќе три децении.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

