Русија: САД ја притискаат Украина да ја прошири воената мобилизација
САД ѝ наредуваат на Украина да ја максимизира воената мобилизација. Ова го тврди директорот на руското надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.
Според објавеното соопштение, „веродостојните информации“ достапни на руското разузнавање укажуваат дека САД го прават тоа за Украина да може да ги надомести „огромните загуби“ што ги претрпеа нејзините вооружени сили за време на „неуспешната контраофанзива“.
Целта е Киев „да и покаже на меѓународната заедница неможноста за победа на Русија во украинскиот конфликт“, истакна Наришкин.
Се соопштува и дека препораката е воено-политичкото раководство на завојуваната земја да ја намали старосната граница за регрутирање на 17 години и да ја подигне на 70 години, а исто така да изврши дополнителна мобилизација на жените.
Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј претходно денеска повика да не се очекува брз крај на војната и предупреди дека таа „нема да заврши толку брзо како што би сакале“.
Неговите забелешки уследија по изјавата претходно овој месец на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, дека војната е во ќор-сокак.