02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот претседател Румен Радев излезе со остар повик за оставка на владата и одржување на предвремени парламентарни избори, откако низ целата држава ескалираа масовни протести против државниот буџет и се случија тензии пред седиштето на ДПС во главниот град.
Во реакција објавена на Facebook, претседателот ја осуди ескалацијата и истакна дека не станува збор за судир меѓу полицијата и народот, туку за „провокација од мафијата“, чија цел била да предизвика конфронтација.
„Насилството мора да престане. Ги повикувам сите да се придржуваат кон законот. Ова не е судир на полиција и демонстранти, туку провокација на мафијата која сака да ги спротивстави едни на други“, напиша Румен Радев.
Според претседателот, инцидентите што се случиле на протестите не ја менуваат суштината на демонстрациите, бидејќи „бугарските граѓани веќе рекле НЕ на актуелната власт“. Тој нагласи дека излезот од кризата е само еден:
„Незабавна оставка и итни предвремени избори“, дециден беше претседателот на Бугарија.
Протестите, кои беа речиси незапаметено масовни, започнаа во Софија, каде десетици илјади луѓе маршираа против новиот предлог–буџет. Демонстрациите брзо се проширија и во останатите поголеми градови, меѓу кои:
Овој бран на незадоволство отвори длабока политичка криза во соседна Бугарија, што е од особен интерес и за македонската јавност која внимателно ги следи случувањата во регионот.
Иако политичките процеси се внатрешна бугарска работа, настаните добиваат регионална тежина поради географската и политичка близина, но и поради фактот дека станува збор за значајни општествени потреси во држава што директно влијае на балканските политички текови.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

