02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Костадин Костадинов, лидер на опозициската политичка партија Възраждане (позната и како „Преродба“), јавно повика протестите што изминатата ноќ се одржаа низ повеќе бугарски градови да продолжат сè до оставката на актуелната власт и распишувањето на предвремени избори.
Според Костадинов, протестите имаат јасна и еднозначна цел – „оставка, суд и затвор за владејачките структури кои, според него, функционираат како мафиотска коалиција“. Во објавениот став, тој посочува дека во Софија на улиците протестирале околу 100 000 граѓани, а во останатиот дел од земјата – уште стотици илјади, обединети околу барањето за пад на владата и радикални промени во начинот на управување со државата.
Костадинов ја критикува владејачката гарнитура, која ја нарекува „коалиција на дрските“, обвинувајќи ја дека сака да продолжи со коруптивни практики што, според него, ја оптоваруваат државата веќе 36 години. Тој истакнува дека народот нема да дозволи продолжување на таквото владеење, но предупредува и на опасноста протестите повторно да бидат злоупотребени од „нечесни политички фигури кои ја манипулираат јавноста за лични или партиски интереси“.
Во ова контекст, лидерот на „Преродба“ повика бугарските граѓани не само да протестираат, туку и активно да учествуваат во политичкиот процес. Според него, демократијата може да се заштити само преку учество на избори и гласање „за слобода и достоинствен живот, а не за пари и други привилегии“.
Костадинов дополнително нагласи дека Бугарија има итна потреба од „нов општествен договор“ кој би ја редефинирал државата и нејзиниот систем на вредности. Во својот став, тој говори за „повторно основање на државата“ и длабоки структурни промени, кои, според него, се единствениот начин земјата да се ослободи од лагите и лицемерието во политиката и повторно да се постави на темели на правичност, слобода и достоинствен живот.
Иако неговиот став носи остар тон и директна критика кон владејачките структури, пораката завршува со повик за граѓанска одговорност – учеството на избори и обединувањето околу заедничка визија за иднината на државата, базирана врз слобода и достоинствен живот.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

