20 февруари 2026
• од Гоце Кически
Полицијата уапси две лица во Мала Речица, тетовско, откако при претрес биле пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција. Едниот од уапсените претходно се заканувал преку интернет дека ќе изврши масовно убиство.
Според МВР, 20-годишниот К.Х. кон крајот на јануари преку апликацијата „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со автоматска пушка АК-47. Во пораките навел дека има нарушено психичко здравје и дека бил инспириран од масовно убиство во САД од 2012 година.
По информација добиена преку Амбасадата на САД во Скопје, македонската полиција го идентификувала профилот и на 17 февруари извршила претрес во Мала Речица со асистенција на специјалните единици.
При претресот кај осомничениот и членови од неговото семејство биле пронајдени автоматска пушка АК-47 со муниција, два пиштола, повеќе од 600 куршуми, панцири, ножеви и електронски уреди.
К.Х. е осомничен за кривично дело тероризам, додека против 89-годишниот Џ.Х. е поднесена пријава за недозволено држење и тргување со оружје. Двајцата се лишени од слобода и се преземаат понатамошни мерки.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

