12 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
По официјализирањето на резултатите од изборите и постигнатиот успех на коалицијата ВРЕДИ, оваа политичка групација започнува поактивна улога во креирањето на идната владина структура. Според информации на 4NEWS.mk, утре е закажана клучна средба меѓу раководството на ВРЕДИ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за распределбата на функциите во извршната власт.
Извори од коалицијата ВРЕДИ за 4NEWS.mk брифираат дека ќе настојуваат да ја зајакнат својата позиција во однос на првичните договори и понуди. Тие сметаат дека изборниот резултат им обезбедува поголем легитимитет и ќе бараат повеќе ресори во Владата, како и застапеност во второстепените и третостепените институции.
Како што велат од ВРЕДИ, целта не е само зголемување на бројот на функции, туку и обезбедување на клучни министерства и сектори преку кои коалицијата ќе може директно да ги спроведува своите програмски определби и ветувања дадени на граѓаните.
Утрешната средба со Мицкоски се смета за прв сериозен тест за стабилноста и кохезијата на идната владина коалиција. Политичките аналитичари очекуваат дека исходот ќе покаже дали премиерот во најавување ќе биде подготвен да ги прифати зголемените барања на ВРЕДИ со цел брзо и стабилно формирање на Владата, или пак, процесот ќе се одолговлекува со подолги и потешки преговори за секое министерско и директорско место.
Како што јавува 4NEWS.mk, конечниот исход од разговорите ќе биде пресуден за динамиката на формирањето на новата влада и за политичката рамнотежа меѓу коалициските партнери.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

