02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Возвратот на ДДВ средства за граѓаните преку системот МојДДВ продолжува и не е суспендиран, ниту пак откажан, информираат од Управa за јавни приходи.
Од институцијата објаснуваат дека при исплатата за дел од подготвените спецификации е забележан технички проблем, поради кој целите системски пратки се враќаат и мора комплетно да се преработат.
Според УЈП, проблемот настанува кога еден од корисниците во заеднички исплатен налог ги променил податоците за банка или трансакциска сметка.
– Ако постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или сметка, целата пратка системски се враќа, и средствата не се исплаќаат за ниеден од останатите корисници во истиот налог, објаснуваат од УЈП.
Техничкиот предизвик веќе е идентификуван, а надлежните служби работат на негово надминување, со цел процесот да продолжи без идни системски блокади.
УЈП уверува дека возвратот на средства за граѓаните кои имаат валидни и потврдени податоци моментално е во тек.
За останатите корисници, исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка на спецификациите.
„Нашата цел е да обезбедиме точна, правична и целосна исплата кон сите граѓани без исклучок“, истакнуваат од институцијата.
Од Управa за јавни приходи испратија и апел до корисниците:
🔹 Доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, да ги ажурираат податоците веднаш во системот;
🔹 Ажурирањето е важно за да се избегнат идни враќања на цели системски пратки и нови застои во исплатата.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

