12 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи – Охрид информира дека се спроведуваат интензивни мерки за расчистување на случај на наводно силување на малолетно девојче во Дебарско.
Според информациите на полицијата, вчера околу 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар, 41-годишен маж од Дебарско пријавил дека лице од Тетовско извршило силување врз неговата малолетна ќерка.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека полицијата веднаш по пријавата презела мерки за целосно расчистување на случајот.
„Се преземаат интензивни активности за утврдување на сите околности и факти поврзани со настанот“, изјави Димоски.
Надлежните органи не откриваат дополнителни детали заради заштита на идентитетот на жртвата и поради тоа што истрагата е во тек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

