12 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на прерано починатиот Андреј од популарниот музички состав ДНК, сподели потресно видео кое ги разнежни многумина. Видеото прикажува еден топол момент меѓу Андреј и нивната ќеркичка Јана, снимено додека се возат на жичара. Во снимката, Андреј со насмевка ѝ вели: „Мавни ѝ на мама“, а малата Јана, видно исплашена, му одговара: „Многу е страшно“. Таткото нежно ја теши: „Не е страшно“.
Ова емотивно видео е дел од објавата со која Наталија потсети на трагичната ноќ во дискотеката „Пулс“, кога животот го загубија повеќе млади лица, меѓу кои и нејзиниот сопруг. Во видеото се вклучени и снимки од кобната вечер, на кои се гледа како публиката се забавува со музиката на бендот, а потоа избувнува пожар и настанува паника меѓу присутните кои се обидуваат да избегаат од пламените јазици.
Првата снимка ја објави Здружението на граѓани „16ти Март 2025 Кочани“, кое ги повика сите граѓани да се приклучат на мирниот собир „Марш на ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата.
Во повикот на здружението се вели:
„Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат.“
Тридесеттото издание на „Маршот на ангелите“ ќе се одржи на 15 ноември (сабота), со почеток во 12:05 часот на плоштад Македонија во Скопје. Настанот ќе биде посветен на сеќавањето, правдата и солидарноста со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во трагичниот пожар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

