17 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Славјанка Петровска, остро реагираше по бруталното убиство на Росица и нејзиниот татко, кое ја потресе јавноста. Таа порача дека трагедијата е резултат не само на чинот на убиецот, туку и на институционалното игнорирање на бројните предупредувања и барања за заштита.
„Росица со месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Секојпат барала институциите да ја заштитат. Наместо тоа, монструмот останал на слобода. И резултатот – убиена е Росица и убиен е нејзиниот татко,“ изјави Петровска.
Според неа, одговорноста не завршува со извршителот на грозоморниот чин. „Виновни се и оние, со име и презиме, кои толерирале, премолчувале, одбивале да постапат. Додека ја префрламе вината на ‘системот’, поединци од системот ќе продолжат да убиваат,“ нагласи министерката.
Таа предупреди дека ова не е изолиран случај, туку уште една во низата трагедии што ќе продолжат да се повторуваат доколку институциите не ја преземат својата улога. „Росица е жртва затоа што некој премолчил. И токму тие соучесници треба да одговараат,“ рече Петровска.
Во својата порака до јавноста, таа потенцираше дека секое „непостапување“ има име и презиме и мора да биде санкционирано: „Доста е со изговори. Време е за одговорност.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден