02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ оценува дека актуелниот скандал со тендери вредни 9 милиони евра, доделени на фирма основана пред една година со само двајца вработени, е само мал дел од поширокиот систем на злоупотреби.
Во партиското соопштение, кое во целост го пренесе МИА, се обвинуваат Христијан Мицкоски и неговата партија за создавање „криминален океан“ преку кој, како што велат, системски се крадат народни пари.
Според СДСМ, криминалната власт изградила мрежа во која средствата од граѓанскиот буџет се злоупотребуваат преку наместени јавни набавки, најчесто доделувани на компании блиски до владејачките структури.
Партијата повикува на паралела со моделот воспоставен од поранешниот премиер, чие владеење беше проследено со аферата „бомби“, односно масовно објавување на прислушувани разговори од 2015 година. „Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомбите, а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител“, стои во соопштението.
Дополнително, партијата тврди дека е откриена нова контроверзна поврзаност – вториот вработен во фирмата бил лице поврзано со поранешната УБК и со лица од безбедносните структури во времето на Сашо Мијалков, вклучително и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
Во соопштението се наведува дека „токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“, со што, според СДСМ, се демонстрира континуитет во шемите и кадрите инволвирани во спорните постапки.
Партијата апелира дека „крадењето мора да запрре“ и бара од надлежните институции да постапат согласно законите, особено во контекст на новите обвинувања што ги опишуваат како „нови бомби“.
„Исти методи, исти шеми, исти луѓе, милионски тендери со единствена цел – богатење на партијата и поединци од врхушката на власта“, реагираат од СДСМ.
Во завршниот дел од соопштението, тие нагласуваат дека „работата сè уште не е завршена“ и бараат цврста реакција од државните органи.
Соопштението е потпишано од партискиот Центар за комуникации со јавноста, од каде што уште еднаш повикуваат на истрага и законска разрешница на случајот.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

