Продолжува седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја продолжи втората седница на која се разгледуваат годишните извештаи на неколку институции.
На дневен ред се Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за администрација, Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2023 година.