НКЕУ-МК ќе ја одржи третата сесија на Работната група 6-Антикорупција
Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), денеска во Скопје ќе ја одржи третата сесија на Работната група 6-Антикорупција (Поглавје 5, Поглавје 18 и Поглавје 32), на тема – „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“.
Како што е најавено, воведни обраќања во темата ќе имаат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, националниот координатор на НКЕУ-МК, професор Милева Ѓуровска и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Како држава кандидат за членство во ЕУ, Република Северна Македонија вложува напори да ги следи овие современи тенденции, се додава во соопштението, кои со голема брзина го менуваат начинот на работење и живеење во светски рамки.