09 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорката и општествена аналитичарка Мирјана Најчевска повторно предизвика внимание во јавноста со критичка објава на својот профил на Фејсбук, упатијќи остра порака за квалитетот и компетентноста на дел од луѓето кои денес носат значајни општествени одлуки.
Според неа, најголемата опасност не лежи само во нивното незнаење, туку и во фактот што токму таквите лица често заземаат позиции од кои зависат животите и благосостојбата на граѓаните.
„Имајте секогаш на ум дека тие кои не знаат, кои не разбираат, кои едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома и дошле на позиција да донесуваат одлуки кои се однесуваат на вас, не се опасни само за себе, туку и за вас“, напиша Најчевска.
Во својата објава, професорката потсетува дека уште од најрана возраст луѓето знаат да ги разликуваат вистинските знаења и способности.
„Вие добро знаете кој е паметен меѓу вас, а кој не е. Ставете рака на срце и бидете искрени“, додава таа, потсетувајќи дека уште во основно образование секогаш имало ученици кои разбираат од прва, кои учат затоа што сакаат, а не затоа што мораат, и кои никогаш не се потпирале на препишување или на интервенции на родителите.
Најчевска жестоко реагира и на феноменот на лажни успеси – случаи кога ученици кои не се снаоѓале во наставата, препишувале или зависеле од интервенции на наставници и родители, денес завршуваат на раководни позиции.
„И сепак верувате дека тие кои препишувале, кои не разбирале што објаснува наставникот, чии родители дремеле во училиште за на нивните деца им напишат високи оцени, дека тие се оние правите кои треба да седат на раководни позиции?“ – прашува Најчевска.
Нејзината порака предизвика бројни реакции, отворајќи ја повторно темата за квалитетот на образованието, злоупотребите во системот и опасностите од поставување на некомпетентни лица на клучни места.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

