TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Интензивната нега на државна Кардиологија со само 9 кревети: Аларм за загрозено јавно здравје

07 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Интензивната нега на Универзитетската клиника за кардиологија функционира со преполовен капацитет – само 9 од предвидените 18 кревети се во употреба, поради долгогодишно и сè уште незавршено реновирање. Оваа состојба, според лекарски извори, сериозно го загрозува третманот на најтешките кардиолошки пациенти од целата држава.

Еден од изворите, кој инсистира на анонимност, за „Слободен печат“ вели дека е „криминално“ речиси една година да се реновира половина оддел за интензивна нега, оставајќи ја цела Македонија со минимален капацитет за згрижување на животозагрозени срцеви пациенти.

„Во земјава постојат само две целосно функционални и опремени единици за интензивна нега – КАРИЛ и интензивната нега на Кардиологија. Да се остави државата со само 9 кревети за вакви пациенти е тежок системски пропуст. Пациенти чекаат по други болници, интервенции како поставување стентови се одложуваат по неколку дена, а тоа директно резултира со трајни оштетувања на срцето и со зголемен број пациенти со срцева слабост“, предупредува изворот.

Тој додава дека поради недостигот од места, се врши притисок за побрзо испразнување на креветите, со што се скратува неопходниот интензивен надзор, а дел од пациентите подоцна повторно се враќаат со компликации.

„Ако ова не е загрозување на јавното здравје, тогаш навистина не знам што е“, вели тој.

Делумно спротивставени сведоштва од внатрешноста на болницата

Други извори од Клиниката, исто така под услов на анонимност но со познат идентитет на редакцијата, тврдат дека состојбата е сериозна, но дека не може да се зборува за системски пропусти во третманот.

Според нив, и покрај тоа што интензивната нега работи со половичен капацитет, пациентите се третираат согласно важечките медицински протоколи и досега нема документирани здравствени последици. Како исклучок го наведуваат само периодот од околу 24 часа, пред една недела, кога одделението било целосно затворено поради неопходна дезинфекција од бактерии, а пациентите биле пренасочувани во други установи.

Тие објаснуваат и дека реновирањето било во застој откако новата директорка побарала ревизија на проектот, но дека на неодамнешен лекарски колегиум било соопштено дека проектот е повторно одобрен и работите ќе продолжат. Дополнително, посочуваат дека постојат и 6 кревети за пост-интензивна нега.

Институциите молчат за роковите

„Слободен печат“ испрати официјални прашања до Клиниката за кардиологија, до Министерството за здравство и ја контактираше директорката д-р Даница Петкоска Спирова. Прашањата се однесуваа на времетраењето на реновирањето, реалните капацитети, протоколите за препраќање на пациенти, наводите за предвремени исписи и дали ваквата состојба го загрозува правото на пациентите на соодветен третман.

Од ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија одговорија дека реновирањето на Одделот за интензивна нега е во надлежност на Министерството за здравство, односно на Проектната единица.

„Третманот на пациентите се одвива согласно важечките протоколи и стандарди. Одлуките за прием, хоспитализација и испис се носат исклучиво врз основа на медицинска проценка од стручен тим, водејќи се од начелото на максимална безбедност на пациентите. Досега нема претставка од пациент, ниту од Државниот санитарен инспекторат“, наведуваат од Клиниката, додавајќи дека ваквите тврдења ја нарушуваат довербата во јавното здравство и угледот на лекарите.

За сите дополнителни детали, од Клиниката упатија на Министерството за здравство, од каде до моментот на објавување – нема одговор.

Несогласување меѓу официјалните податоци и реалната состојба

На официјалната веб-страница на болницата е наведено дека Одделот за интензивна нега располага со 18 кревети, централен мониторинг за 24-часовно следење, 13 лекари и специјалисти, 8 апарати за механичка вентилација, како и современа дијагностичка опрема. Сепак, според повеќе извори, во функција се само 9 кревети, додека половина од одделот подолг период е недостапен.

Интензивната нега на Кардиологија е наменета за најтешките случаи – акутни срцеви удари, тешка срцева слабост, опасни нарушувања на срцевиот ритам и други животозагрозувачки состојби, каде секое одложување може да значи трајна инвалидност или загуба на живот.

Додека институциите си ја префрлаат одговорноста, реновирањето останува во сенка, а јавноста без одговор на клучното прашање: колку долго државата ќе функционира со половина капацитет за згрижување на најтешките срцеви пациенти.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
08 март 2026

Прва реакција од претседателот на ОАЕ по иранските ракети

СВЕТ
08 март 2026

Експлозија во близина на американската амбасада во Осло, нема повредени

МАКЕДОНИЈА
08 март 2026

Филипче: СДСМ ќе предложи решение во Собранието за проблемот со откупот на зимската зелка

ДРУГО
08 март 2026

8 март 2026 — Се празнува споменот на Светиот свештеномаченик Поликарп

СВЕТ
07 март 2026

Трамп: Воената моќ на Иран мора целосно да се неутрализира

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 март 2026

Трамп најави нови воени акции против нарко-картелите во Латинска Америка

СВЕТ
07 март 2026

Протести низ Европа против иранскиот режим, дел од демонстрантите го поддржуваат Реза Пахлави

СВЕТ
07 март 2026

Трамп: Режимот во Куба е „во последните моменти од својот живот“

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

СДСМ се приклучува на протестниот марш „Нема да не снема“

ВРЕМЕ
07 март 2026

Претежно облачно време со можност за слаб дожд во попладневните и ноќните часови на 8 март 2026

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Телефонска измама во Кавадарци: 81-годишна жена останала без 300.000 денари

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Земјоделците се понижени и измамени, власта не нуди решенија за кризата во земјоделството

СВЕТ
07 март 2026

Два дрона привремено го затворија аеродромот „Васил Левски“ во Софија

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Северна Македонија потенцијален домаќин на Евровизија за млади 2026

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска во посета на Токио

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 март 2026

ЕУ предупредува: новите закони во Грузија ја оддалечуваат земјата од европскиот пат

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Русија регрутирала шпиони од Србија за инциденти во Париз и Берлин

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Селмани: Институционалниот криминал е инсталиран во системот, затоа граѓаните масовно се иселуваа

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

ООН: Насилството врз жените и децата во Северна Македонија останува сериозен проблем

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Професор на Воената академија со навреди кон НАТО, активисти и јавни личности

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 март 2026

Трамп најави засилување на воената кампања против Иран

СВЕТ
07 март 2026

Бугарија евакуираше над 1000 лица од Блискиот Исток за три дена

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

ДРУГО
07 март 2026

Дневен Хороскоп за 8 Март 2026: Ден на интуиција, нови одлуки и мали пресврти за сите знаци

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега