11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров остро реагираше на нападите и обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.
Филипче порача дека власта предводена од Мицкоски нема никакви реални резултати зад себе и затоа, наместо да зборува за дела, се занимава со напади, лаги и политички спинови.
„Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува. Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: граѓаните не живеат од неговата пропаганда“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ додаде дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно ги чувствуваат последиците од нејзините погрешни политики.
„Сè повеќе луѓе гледаат дека државата тапка во место, дека нема развој, нема нови инвестиции, нема подобар животен стандард. Граѓаните заслужуваат чесна, одговорна и способна власт, а не пропаганда и лажни афери“, потенцираше Филипче.
Филипче истакна дека СДСМ ќе продолжи со директни средби со граѓаните и дека нивниот глас и проблеми ќе бидат во центарот на програмата и политиките на партијата.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

