07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-премиерот Арбен Фетаи остро реагираше на, како што ги нарече, обидите за негово дискредитирање преку фабрикувани изјави и манипулирани фотографии. Во објава на социјалните мрежи тој порача дека нема да толерира напади кои се темелат на дезинформации и политички мотивирани конструкции.
„Тие што мислат дека можат да ме дискредитираат со вакви удбашкиметоди, длабоко се лажат,“ напиша Фетаи, додавајќи дека секој кој користи негови фотографии и измислува зборови во негова уста, со цел да го наруши неговиот углед, ќе сноси правни последици. Според него, ваквите постапки ги надминуваат сите прифатливи граници и нема да бидат оставени без реакција.
Фетаи истакна дека клеветите, монтираните материјали и фабрикуваните изјави не го поколебуваат, туку напротив — ја зацврстуваат неговата решителност и уверувања.
„Да живее УЧК“, порача тој, потенцирајќи дека е срамно што одредени кругови ја злоупотребуваат историјата, жртвите и крвта на паднатите борци за секојдневни политички игри. Тој додаде дека уште поголем срам е за тие што, како што вели, ја претвораат УЧК во средство за лични интереси и политичка моќ.
Објавата на Фетаи предизвика реакции на јавната сцена, особено поради неговиот остар тон и јасната порака дека нема да молчи пред, како што ги нарекува, организираните обиди за дискредитација.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

