07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Комисијата за надворешна политика при Бугарското Народно собрание едногласно усвои Декларација со која го осудува нападот врз екс-новинарот и припадник на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев. Документот, на предлог на претседателката на Комисијата, Јорданка Фандкова, беше итно вклучен во дневниот ред и доби едногласна поддршка.
Во Декларацијата се наведува дека во Македонија се случуваат, како што стои во текстот, „акти на насилство од омраза“ врз лица со бугарски идентитет. Пратениците ја нагласуваат својата поддршка за граѓаните кои, според нив, „праведно ги бранат своите права“, и ги повикуваат властите во соседните земји да престанат со дејствија и изјави што го оправдуваат насилството.
Бугарските законодавци изразуваат загриженост за, како што наведуваат, „јавно негирање и омаловажување“ на проблемите со кои се соочуваат Бугарите во Македонија. Тие очекуваат владата во Скопје да преземе конкретни мерки против говорот на омраза и да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани без дискриминација.
Во текстот дополнително се потсетува дека Северна Македонија сè уште не ја исполнила својата обврска кон Европската Унија за усвојување на уставните измени, што е дел од т.н. Европски консензус од 2022 година.
Според документот, бугарските пратеници:
По инцидентот, следуваа бројни реакции од официјална Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи побара гарантирање на правата на Бугарите во Македонија. Претседателот Румен Радев оцени дека „ефикасната истрага за случајот Перев, но и за другите напади, е единствениот начин Северна Македонија да напредува кон европска интеграција“.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

