14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини актуелната власт за, како што тврди, прикривање на одговорноста на цементарницата „УСЈЕ“ во врска со загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи објави видео старо една година, порачувајќи дека кривичната пријава што ја поднела не се процесира.
Во објавата Арсовска наведе дека кривичната пријава против „УСЈЕ“ ја поднела пред три години и праша зошто, според неа, нема никакви преземени мерки.
„Со докази, кривичната пријава за ‘УСЈЕ’ ја поднесов пред 3 години. Дали е приведен директорот на ‘УСЈЕ’ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано и зошто не?“, напиша Арсовска.
Таа дополнително го критикува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, наведувајќи:
„Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за ‘УСЈЕ’ и да ги заштити граѓаните од нивното континуирано канцерогено загадување.“
Од институциите засега нема официјална реакција на најновите тврдења на Арсовска. Претходно, темата за загадувањето и можната одговорност на цементарницата повеќепати беше дел од јавните дебати, но предметот сè уште не добил судска разврска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

