македонија20 ноември 2023 90 санкционирани возачи на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 90 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест санкции за возење без лекарско уверение при вршење јавен превоз. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.